background background

ОСИГУРУВАЊЕ




ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

Автомобилска одговорност (АО) е задожитено осигурување врз основа на прописите за одговорност за надомест на штета, и тоа надоместува штета ако со употреба на моторно возило се причини штета кон трето лице.

Зелен Картон е замена на полисата за автоодговорност за земјите кои се наведени во полисата. Зелениот картон се издава врз основа АО полисата и мора да биде во истата осигурителна компанија. Според својата важност може да биде:

Каско осигурување претставува осигурување на вашето возило кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот. Предмет на каско осигурувањето се сите видови моторни, приклучни, автобуси, товарни, работни и шински возила и нивните составни делови. Каско осигурувањето може да се склучи како:

Карго осигурување
Ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот без оглед на транспортот.

Останати осигурувања:




ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ

Домакинското осигурување покрива најголем дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на вашиот имот, како и стварите кои се во него. Ние ви нудиме повеќе пакети со кои што вие според вашите потреби и можности можете да се одлучите кој пакет вам ви одговара. Со правилен избор на осигурување си обезбедувате посигурна иднина. Направете избор на осигурување со коешто ќе го осигурате вашиот имот пред опасностите кои секојдневно ве загрозуваат Предмет на осигурување во домакинско осигурување се:

Пожар и други опасности Во пожарното осигурување како предмет на осигурување спаѓаат сите видови градби, како и сите нивни делови, сите вградени инсталации и останатата вградена механичка опрема. Покрај недвижниот имот можете да го осигурите и имотот што се наоѓа во објектот и е сопственост на осигуреникот (лични предмети и покуќнина).




ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА

Патничко осигурување
Осигурителни покритија кои се покриени со вадење на полисата за патничко осигурување: здравствена помош

Достапни се 3 територијални покритија:

Незгода
Осигурувањето од последици на несреќен случај- незгода ги ублажува економските последици од несреќните случаи на работното место и при останатите активности со кои се бави лицето, во домот (местото на живеење), работното место и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено. Осигурувањето од незгода може да се склучи колективно.

Осигурување од одговорност

Општа одговорност претставува законска одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ке настанат од вашата дејност и од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност.

Со професионална одговорност обезбедувате заштита во случај на граѓанска парница која е покрената од страна на ваш клиент заради професионална грешка или материјална штета која сте ја предизвикале во тек на извршување на вашата професија. Осигурувањето од професионална одговорност е задолжително за голем број професии, целта на ова осигурување е да се прошири на сите регистрирани професии, како нужен предуслов за вршење на дејноста. Висината на покритието може да биде во рамки на законски предвидениот минимум или повисоко по желба на клиентот.Животно осигурувањеЖивотно осигурување претставува долгорочно решение кое нуди најбезбеден облик на штедење, сигурност и осигурување. Во зависност од возраста, финансиската состојба, кредитната задолженост, здравствената состојба итн., секоја компанија нуди одредени производи и пакети кои ги задоволуваат потребите на клиентот во целост.

Животното осигурување е еден вид инвестиција во сигурна економска иднина. Штедната компонента на животното осигурување се состои од вложените средства кои по истекот на осигурувањето се повратни и на кои постојано им се припишува одредена добивка, во исто време се создава капитал за времето кога приходите ќе се намалат, особено по заминување во пензија а воедно и се заштитува семејството во случај да го изгуби најголемиот финансиски извор.
По истекот на осигурувањето осигуреникот располага со акумулираните средства кои може да ги подигне во целост зголемени со припишана добивка, да договори некаков вид на рента (зависно со условите на компанијата), повторно да склучи осигурување... Исто така компаниите нудат и дополнителни осигурувања од незгода и тешко болни состојби кои обезбедуваат неопходни парични стредства во најтешките периоди на осигуреникот.